Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Играчите беа фокусирани до самиот крај и покажаа карактер

Лазаров: Играчите беа фокусирани до самиот крај и покажаа карактер

Ракометна репрезентација на Македонија по втор пат го совлада Кувајт, овој пат со еден гол разлика 22:21.

На првата средба победивме убедливо со 31-21, а селекторот Лазаров вели дека тој резултат не бил реален и дека сега има појасна слика за репрезентацијата.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Мислам дека резултатот од првиот натпревар не беше реален. Кувајт е добро истренирана екипа, предводена од еден стратег како Борис Дениќ, кој веќе работи таму еден подолг период. Ние трениравме максимално напорно вчера, а дури и денеска наутро. За нашите млади играчи овој натпревар беше едно големо искуство“.

„Важно е играчите да бидат фокусирани до самиот крај и покажаа карактер, тоа е позитивна работа. Победникот не се знаеше до последната секунда. Видовме како регираат некои играчи во неизвесни завршници. Имаме време да исправиме доста работи по новогодишните празници. На крај морам да кажам дека сум задоволен од тоа како момците ги одработија подготовките во Маврово“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…