Дома Фудбал Останато Форсберг е најдобриот шведски играч за 2021 година

Форсберг е најдобриот шведски играч за 2021 година

Фудбалерот на Лајпциг Емил Форсберг е именуван за најдобар играч шведски играч за 2021 година.

За Форсберг ова е првпат да го добие ова признание симнувајќи го од тронот Златан Ибрахимовиќ кој минатата година беше избран за најдобар по рекорден 12. пат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ова признание ми значи многу. Најмногу што можам да добијам од својот народ. Показател дека зад мене е фантастична година во која бев навистина добар. Наградата ме прави горд“, истакна 30-годишникот.

Форсберг беше одличен на Европското првенство минатото лето каде што постигна четири гола. За државниот дрес до сега има 68 натпревари и 15 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан ќе се ослободи од најлошото засилување и ќе тргне по двајца нови играчи!

Масимилијано Алегри ќе мора да ја засили екипата во јануарскиот преоден рок.  Имаше промаш…