Дома Фудбал Англија Нема крај на проблемите: Одложени уште два натпревари во Премиер лигата!

Нема крај на проблемите: Одложени уште два натпревари во Премиер лигата!

Ковид-19 продолжува да прави сериозни проблеми во англиската Премиер лига и одложени се уште два натпревари.

Во 19. коло нема да се играат натпреварите помеѓу Ливерпул и Лидс и Вулверхемптон – Вотфорд. Натпреварите требаше да се играат во недела од 13:30 часот меѓутоа се одложија по барање на Лидс и Вотфорд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


И во двата клуба имаше голем број заразени фудбалери, па екипите беа принудени да ги затворат своите тренинг центри.

Со коронавирус проблеми има и Ливерпул и поради позитивни тестови на претходните три натпревари не играа Ван Дајк, Фабињо и Џонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе се осврна на критиките од навивачите на Реал Мадрид: „Ако го критикуваа Роналдо, кој сум тогаш јас?“

Килиан Мбапе повторно е во центарот на вниманието, но не само заради играта на теренот, ту…