Денес селекторот Кирил Лазаров ги собра репрезентативците на кои ќе смета за Европското првенство во јануари каде што ќе играме во група со Данска, Словенија и Црна Гора.
Голманот Мартин Томовски се очекува да биде еден од нашите најважни играчи на ова ЕП, а тој се надева дека Македонија ќе се прикаже во најдобро светлои.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Следи уште едно првенство, уште еден предизвик. Сакаме да извлечеме поука од лошото Светско првенство во Египат, сакаме да покажеме дека вредиме. По тоа првенство во Египет направивме анализа и сега со нова енергија влегуваме во новите предизвици. Сите здравствено сме добро и се надевам дека така ќе остане до почетокот на првенството. Максимално ќе бидеме посветени на подготовките“.
„Противниците ни се добро познати. Данска би ја издвоил како најквалитетна, Словенија е сериозен кандидат за пласман понатаму, Црна Гора би можела да биде фактор изненадување. Немаме очекувања, најпрво важно е да се подготвиме колку што е можно подобро“, порача Томовски.