По крајот на есенскиот дел од сезоната 2021/2022, по меѓусебен договор прекината е соработката на ФК Брегалница со досегашниот координатор на младинската школа, Борче Постолов.
На местото на Постолов за кон координатор на младинската школа на ФК Брегалница е именуван Мијалче Прошев, кој е и тренер на младинскиот тим на „сините“ и повеќе од успешно изминатиов период ги водеше надежите на Брегалница.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„По взаемен договор прекината е соработката со Борче Постолов а на негово место именуван е Мијалче Прошев. Како клуб искажуваме благодарност до Постолов за досегашниот удел во развојот на младите категории во клубот. Веруваме дека Прошев ќе внесе нова свежина во работата со најмладите категории кои се исклучително значење за клубот, посакувајќи му успех во работата“ – вели извршниот директор на ФК Брегалница, Емил Тодев.