Дома Македонски спорт Tурски новинар: Борусија Дортмунд и Лидс спремаат големи понуди за Елмас!

Tурски новинар: Борусија Дортмунд и Лидс спремаат големи понуди за Елмас!

Tурскиот новинар Талха, Арсалн пренесува вест дека Лидс и Борусија Дортмунд спремале големи понуди за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Арслан само пренесува дека понудите биле големи, но не открива повеќе детали.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Лидс и Борусија Дортмунд кои се обидуваа да го доведат Елмас и во текот на летото ќе испратат астрономски понуди до Наполи за време на зимскиот преоден рок“, пишува турскиот новинар.

Меѓутоа прашање е какви се тие астрономски понуди и дали ќе ги задоволат апетите на Аурелио Де Лаурентис. Медиумите во Неапол неодамна објавија дека во Неапол не размислуваат за продажба на Елмас.

Во овој момент проценката на вредноста на Елмас според фудбалската опсерваторија „ЦИЕС“ изнесуваше 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…