Дома Останати Ракомет Карачиќ е среќен во Кјелце и ќе остане уште три години

Карачиќ е среќен во Кјелце и ќе остане уште три години

Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ стави потпис на нов договор и ќе остане уште долго во редовите на Кјелце.

Хрватот боите на полскиот тим ќе ги брани до 2025 година. Карачиќ се надева нов европски успех после двата кои ги имаше со Вардар во Скопје.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сопругата и јас се чувствуваме одлично тука, имаме се што ни е потребно. Клубот е на највисоко ниво и амбициите растат од ден во ден. Во овој проект е многу вложено се надевам дека ние играчите предводени од нашиот тренер ќе ја реализираме оваа инвестиција. Верувам дека нема да останеме без успеси“, изјави Карачиќ.

Во редовите на Кјелце Карачиќ пристигна пред две сезони, претходно седум сезони беше дел од Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…