Раководството на Милан во наредните денови ќе има средба со агентот Мино Раиола, за да го формализираат новиот договор на Алесио Ромањоли.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ромањоли влезе во последната година од договорот, а преговорите за негово продолжување беа прекинати од поодамна.




Иако се очекуваше дефанзивецот сигурно да си замине на крајот на сезоната како слободен агент, сепак двете страни сакаат да продолжат заедно.




Ромањоли на средбата со Малдини му соопштил дека сака да остане на „Сан Сиро“ и ќе прифати намалување на платата.




Се очекува наскоро 26-годишниот дефанзивец да стави потпис на 4-годишен договор со кој ќе заработува 3,5 милиони евра плус бонуси по сезона.