Дома Фудбал Емоции на „Енфилд“: Навивачите на Ливерпул го пречекаа Џерард 🎥

Емоции на „Енфилд“: Навивачите на Ливерпул го пречекаа Џерард 🎥

На „Енфилд“ се игра натпреварот од 16. коло во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Астон Вила.

Натпреварот започна со многу емоции. „Енфилд“ со аплауз и овации ја дочека својата легенда Стивен Џерард кој се врати тука како тренер на Астон Вила после успешните сезони на тренерската клупа на шкотскиот гигант Ренџерс.

Со овој потег навивачите на Ливерпул уште еднаш покажаа колку им значи Џерард. Дефинитивно што и да се случува во иднина Џерард има сигурно место во легендите на Ливерпул, тоа не може да се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан плаќа пет милиони евра за новиот шеф на фудбалот

Според извештаите од Италија и Германија, Маркус Креше треба да ја преземе новата функција…