Францускиот напаѓач Антоан Гризман го коментираше испаѓањето на Барселона од Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со поразот од Баерн шпанскиот клуб после долги години Лигата на шампионите ја заврши во групната фаза и ќе продолжи во Лигата на Европа.




„Неверојатно. Барселона со години наназад беше дел од нокаут фазата. Многу работи се променија, Меси замина, а тој беше од клучна важност за Барселона. Потоа дојде и до промена на тренерот. Навивачите и сите во клубот мораат да бидат трпеливи и да веруваат во луѓето со кои работат“, изјави Гризман.




Ќе потсетиме, Гризман во изминатите две сезони настапуваше во Барселона, а во овој преоден рок се врати во Атлетико Мадрид каде што претходно настапуваше. Во Атлетико Гризман е на позајмица и „јорганџиите“ ќе имаат можност да го откупат неговиот договор за 40 милиони евра. Оваа сезона Французинот одигра 20 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола и додаде две асистенции.