Светскиот шампион во Формула 1 за 2021 година ќе биде решен на последната трка во Абу Даби, која се вози следниот викенд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Луис Хамилтон славеше на три трки по ред и се израмни со Макс Верстапен по број на бодови, но Холанѓанецот во досегашниот дел од сезоната има една победа повеќе.




Неколку дена пред трката за Хамилтон зборуваше и таткото на Ферстапен, кој немаше добри зборови.
„Никогаш не разговарам со Луис. Не мора да зборува со мене. Јас не му кажувам ништо. Го почитувам како возач, но како друго – ништо. Макс и Луис зборуваат само за подиум, а кога ќе го видам Макс со другите возачи, мислам дека добро се сложува, но Луис е во свој свет“, вели таткото на Верстапен.