Дома Фудбал Франција Во Марсеј незадоволни од казната која ја доби Лион за Паје

Во Марсеј незадоволни од казната која ја доби Лион за Паје

Франција го очекуваше дербито помеѓу Марсеј и Лион кое се играше на 21. ноември, но тоа беше прекинато уште во осмата минута.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината е добро позната. Еден навивач со шише вода го погоди Димитри Паје во главата и натпреварот беше прекинат. Споменатиот хулиган е спроведен пред правдата и доби шест месеци условна затворска казна и пет години забрана за влез на стадионите.

Сега стигна казна и за Лион. На поранешниот шампион му е одземен еден бод и три натпревари ќе мора да игра пред празни трибини со тоа што една веќе одиграа.

Челниците на Марсеј не се задоволни од оваа одлука, а за медиумите зборуваше директорот за комуникации на овој клуб.

„Никој не е повикан од нас не е повикан да разговара со дисциплинската комисија. Никој не не контактираше и тоа е смешно. Натпреварот се прекина после неколку минути, а жртвата не ја повикаа. Дали некаде сте виделе судот да не ги повика жртвите и да ја слушнат нивната страна?“, порача Џаскез Кардоза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Нико Вилијамс ги спакувал куферите: Кариерата ја продолжува во Англија

Нико Вилијамс најверојатно го напушта Атлетик Билбао и кариерата ја продолжува во Англија.…