Вардар вчера беше поразен од Загреб и тоа за црвено-црните беше седми пораз во низа во Лигата на шампионите за црвено-црните (23:22).
Со овој пораз Вардар на паузата заминува како седмопласиран тим. Вардар на осум минути пред крајот имаше три гола позитива, а во завршницата не беше искористен и напад за бод.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Изгубивме добиен меч. Правевме грешки кога не смеевме. Кога играме со Загреб секогаш играме лошо, нема акција, нема проток на топка, не знам дали се создава некоја тензија. За седум дена ќе играме важен натпревар со Пелистер и се плашам дека овој пораз може да се одрази негативно кај моите играчи. Покажуваме нешто добро, но на крајот остануваме без бодови, се надевам ќе се пласираме во следната рунда“, изјави Вујовиќ.