Дома Останати Тенис Серена Вилијамс го откажа настапот на Австралија Опен

Серена Вилијамс го откажа настапот на Австралија Опен

40-годишната Серена Вилијамс ќе го пропушти Австралија Опен по советите на нејзиниот медицински тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Американката ова е тешка одлука затоа што имаше желба да и гра во Австралија, сепак ќе мора да паузира уште некое време пред да се врати на терените.

„Беше тешка одлука, но сепак физички не сум подготвена да настапам. По совет од моите доктори донесов одлука да го откажам настапот на Австралија Опен. Се надевам на брзо враќање“, изјави Серена.

Во кариерата Серена освои седум титули на Австралија Опен, а зад себе има тешка повреда поради која не игра уште од првото коло на Вимблдон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го прогнозираше освојувачот на Мундијалот

Новак Ѓоковиќ ја сподели својата прогноза за Светското првенство, а неговиот избор ги изне…