Офанзивниот фудбалер на Ливерпул ќе мора да замине на долга пауза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од најмалерозните фудбалери во последните неколку сезони во Ливерпул е Адам Лалана Често се справуваше со повредите, не играше бидејќи не беше во состојба, а така ќе биде на стартот на новата сезона.
Заработи повреда на задната ложа на дуелот против Атлетико Мадрид во средата вечерта, па ќе мора да отсуствува неколку недели.
„Не се ова вести кои ги посакувавме“, истакна Клоп.
„За жал, штета е што ќе бидеме неколку месеци без Адам Лалана“, додаде германскиот стратег, нагласувајќи дека сигурно нема да биде во тимот во август и септември.