Дома Македонски спорт Вестерло чекори кон промоција, а Ердон Даци реди голови!

Вестерло чекори кон промоција, а Ердон Даци реди голови!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија Ердон Даци постигна нови два гола во белската втора лига. Вчера Вестерло со пресврт славеше против Мускрон, а Даци беше стрелец на два гола.

Вестерло имаше негатива од 0:2, а во вториот дел постигнаа четири гола за пресврт. Даци го постигна вториот гол за изедначување во 58. минута и голот за водство од 4:2. До крајот Мускурон успеа само да го ублажи поразот. Ќе додадеме и дека пред крајот на натпреварот македонскиот фудбалер заработи жолт картон.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Даци со ови два гола стигна до бројката од осум гола во втората белгиска лига во која Вестерло има одличен старт и се наоѓа на првата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…