Дома Останати Кошарка НБА Jaнис со звукот на сирената за победа на Бакси, Дончиќ и Далас лесно со Њу Орлеанс, дабл-дабл на Јокиќ

Jaнис со звукот на сирената за победа на Бакси, Дончиќ и Далас лесно со Њу Орлеанс, дабл-дабл на Јокиќ

Jaнис Антетокумпо го предводеше Милвоки до уште една победа.

На домашен терен Бакси успеаа да слават против одличниот Шарлот. Гркот демонстрира одлична форма, а на две секунди до крајот со последниот шут донесе победа. Мечот Јанис го заврши со дабл-дабл од 40 поени и 12 скока.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По поразот во претходниот натпревар Далас им се врати на победите. Сега предводени од Лука Дончичќ го добија Њу Орлеанс со 139:107. Словенецот запиша дабл-дабл уште во првото полувреме. На крајот оствари учинок од 28 поени и 14 асистенции. Најефикасен натпреварот беше Инграм од редовите на „Пеликанс“ со 29 поени.

Фановите на Далас може да ги радува и тоа што се покажа дека повредата на Порзингис не е сериозна, па тој беше на теренот уште во овој натпревар и стигна до дабл-дабл од 20 поени, 10 скока и 2 асистенции.

Никола Јокиќ оствари дабл-дабл со 18 поени, 15 скокови и 7 асистенции, но тоа не помогна Денвер да го избегне поразот од Орландо на гостински терен. Ентони со 24 поени го предводеше победничкиот тим. Најефикасен кај Далас беше Морис со 22 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Њу Орлеанс – Далас 107:139, Орландо – Денвер 108:103, Индијана – Атланта 111:114,Вашингтон – Минесота 115:107, Бостон – Филаделфија 88:87,Мајами – Кливленд 85:111, Милвоки – Шарлот 127:125, Оклахома – Хјустон 110:114, ЛА Клиперс- Сакраменто 115:124

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…