Aлборг ја прекина серијата од два порази и славеше против Кил со 35:33 со што освои два бода со кои се вклучи во борба за првите две позиции во групата.
Двете екипи играа одличен ракомет, а на полувреме данскиот тим водеше со 17:16. Кил не дозволи ривалот да се одлепи и врати резултатската неизвесност откако претходно Алборг водеше и со 16:13.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кил не дозволуваше ривалот да се одлепи, меѓутоа немаше сила за целосен пресврт. Констатно Алборг водеше со 2-3 разлика, во еден момент ги имаше и највисоките плус четири на натпреварот. Конечниот резултат на крајот гласеше 35:33. Најефикасен беше Кристенсен со девет гола, додека кај Кил Екбер и Зарабец имаа по пет.
Барселона одлично започна против Киелце имаше предност во првото полувреме, но во второто Кјелце влезе во ритам и со серија од 6:0 го реши натпреварот во своја полза (29:27). Арино кај Барселона постигна пет гола, додека Душебаев беше стрелец на осум гола кај Кјелце.