Денес во терминот од 18:45 часот во Лигата на шампионите како и вообичаено се одиграа два натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер дојде до важна победа против Шахтјор Доњеск. Од почетокот на натпреварот Интер беше подобриот тим на теренот и заслужено на крајот „нероаѕурите“ славеа со 2:0. Во првото полувреме не видовме погодоци.
Двата гола беа дело на босанскиот напаѓач Един Џеко и тоа во период од само осум минути. Прво во 61. минута, па потоа во 68. стрелаше и веќе беше јасно кој ќе дојде до победата. До крајот тимот на Инзаги одигра рутински и го приведе натпреварот кон крајот, а во завршницата од мечот Сенси пропушти добра прилика за зголемување на водството.
Вториот натпревар кој се играше во истиот термин Бешикташ – Ајакс беше без резултатско значење. Ајакс го обезбеди пласманот во нокаут фазата претходно, додека Бешикташ немаше никакви шанси.
Ајакс успеа да слави со 1:2 и тоа со пресврт во второто полувреме. Чезал ги доведе домаќините до водство после дваесетина минути игра за потоа одличниот Халер во вториот дел да постигне два гола и да го постави конечниот резултат.