Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ се врати Далас победи, Никси подобри од Лејкерси 🎥

Дончиќ се врати Далас победи, Никси подобри од Лејкерси 🎥

Иако се најавуваше дека ја обновил повредата сепак, Лука Дончиќ се врати во тимот на Далас, а така и Маверикси победија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Далас славеше против Клиперси на гостински терен со 104:112 после едно продолжение. Можеше Далас да го реши натпреварот и во регуларниот дел сепак прокоцкаа предност во финишот, па мечот отиде во продолжение. Најефикасен во натпреварот беше Џексон од Клиперси со 31 поен, Порзингис постигна еден помалку, додека Дончиќ дојде до бројката од 26 поени.

Њујорк Никси успеаа да слават против Лејкерси со 106:100. Вестбрук постигна 31 поен, Фурние во редовите на Никси стигна до 26. Ќе потсетиме Лејкерси во овој натпревар беа без Леброн кој ја одработуваше суспензијата од еден натпревар.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Мајами 92:100; Њујорк – Л.А.Лејкерс 106:100; Портланд – Денвер 119:100; Л.А.Клиперс – Далас 104:112 (пп)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…