Дома Фудбал Англија Вудворд размислува да ја повлече оставката од Јунајтед

Вудворд размислува да ја повлече оставката од Јунајтед

Извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед би можел да го одложи своето заминување од клубот за да помогне во именувањето нов менаџер, пренесува „Скај Спорт“.

Во април беше најавено дека Ед Вудворд ќе го напушти „Олд Трафорд“ на крајот на календарската година откако пропадна проектот за Суперлигата. Работите може да се променат после отказот на Солскјер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текот на вчерашниот ден Солскјер и официјално беше отпуштен од клубот поради лошите резултати. Сега клубот е во потрага по нов менаџер, а за таа потрага е задолжен токму Вудворд.

Тешко е за Јунајтед во овој момент да се пронајде долгорочно решение, очекувањата се дека ќе пристигне некој кој би бил привремено решено до крајот на сезоната. И до тогаш Вудворд сигурно би бил во клубот.

Неговото останување би можело дополнително да ги разбесни фановите на Јунајтед бидејќи Вудворд е еден од најкритикуваните луѓе во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…