Хари Мегваер нема повеќе да биде капитен на Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
„Црвените ѓаволи“ поминуваат низ голема резултатска криза и после поразот од Ватфорд (4:1) решија да му врачат отказ на тренерот Оле Гунер Солскјер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најскапиот дефанзивец на светот игра очајно оваа сезона и е еден од најголемите виновници за слабите резултати. Чашата ја прели фактот дека Мегваер после дебаклот од Ватфорд бил на забава, а го издаде една фотографија на негов пријател, со кој се сликал.
Ова челниците на Јунајтед не му го простиле, па така сега се најавува дека каптенската лента ќе оди кај Кристијано Роналдо, дека тој со својот авторитет ќе мора да го подигне тимот.