Дома Фудбал „Атлетик“: Запознајте го момчето кое изгледа како Модриќ, а игра како Иниеста

„Атлетик“: Запознајте го момчето кое изгледа како Модриќ, а игра како Иниеста

Момчето по име Сами Брајбрук кое има 17 години и член на Лестер, како и капитен на репрезентацијата на Англија до 18 години го привлече вниманието на медиумите.

Реномираниот „Атлетик“ објави сторија за младиот фудбалер споредувајќи го со двајца големи играчи.

„Запознајте го Сами Брајбрук, англискиот У-18 капитен кој изгледа како Модриќ и игра како Иниеста“, гласи насловот на текстот.

Висок е нешто повеќе од 170 сантиметри, а со плавата коса многу потсетува на ѕвездата на Реал Мадрид. По стилот на игра, присутноста на теренот и техниката неговите соиграчи го споредуваат со Иниеста.

Неговата најголема мана е ситната физичка конституција, но тоа Модриќ, Иниеста и некои други мајстори на фудбалската игра го надминаа со ментална сила.  Сезонава Брајбук игра за тимот на Лестер до 23 години и наместри три гола во 10 настапи, У-18 репрезентацијата како капитен оваа недела ја предводеше до победа против Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…