Вардар денес го одигра натпреварот од седмото коло во Лигата на шампионите, против ПИК Сегед на гостински терен каде што продолжи серијата порази на црвено-црните. (34:31).
ПИК Сегед водеше од почетокот до крајот на мечот, Вардар успеа да води само на стартот при 1:2. Од тој момент констатно или домаќинот водеше или беше нерешено. Највисоката разлика во првото полувреме изнесуваше четири гола разлика 11:7 и 13:9. Сепак до крајот Вардар успеа да е избори за минус два (17:15).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не се променија работите многу и во второто полувреме кога Вардар само на два пати дојде до изедначување 18:18 и 20:20. Сегед не си дозволи да го испушти водството, не помогна ниту одличниот Мартин Томовски кој бранеше и зицери.
Томовски натпреварот го заврши со 13 одбрани, а треба да се спомене дека не бранеше во првите 10 минути од натпреварот. Миклер на спротивната страна собра девет одбрани. Непогрешлив кај домаќините беше Севастиен Фримел со 9/9. Во редовите на Вардар Дибиров од 10 обиди постигна седум гола, Гаџа имаше шест, пет постигна Ѓуќиќ и четири Кевин Њокас.
После поразите од Монпеље, Алборг и Кил за Вардар ова беше четврти во низа. За седум дена избраниците на Вујовиќ повторно ќе играат против денешниот противник, но тогаш на домашен терен.
Фото: РК Вардар