Дома Фудбал Репрезентации Сантош: Ако Португалија не се пласира на СП ќе си заминам

Сантош: Ако Португалија не се пласира на СП ќе си заминам

Португалија беше поразена во одлучувачкиот натпревар против Србија за директен пласман на Светското првенство па така сега Португалците ќе мораат да играат бараж.

Критики откако Португалија не обезбеди директно учество добиваше селекторот Сантош кој сега порача дека доколку не обезбеди пласман на СП со Португалија тој ќе си замине.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Од моето доаѓање во 2014 година секогаш сите седнувавме и анализиравме се. Преговаравме во било какви околности. Федерацијата бара многу од мене и јас самиот барам исто така многу од себе. По нашиот последен разговор и гледањето на состојбата во репрезентација сфативме дека јас сум човекот кој треба да продолжи да го води тимот до Светското првенство. Не помислив на оставка. Кога дојдов дадов ветување дека ќе си заминам ако не ја исполнам целта. Се уште не сме пропуштиле ниту еден турнир и ги исполнуваме целите. Што ако Португалија не се пласира на СП? Ако се случи такво нешто ќе си заминам“, изјави Сантош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…