Директорот на Рома Тиаго Пинта истакна дека Жозе Мурињо може да биде еден од најважните тренери во историјата на клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Не можам да кажам дека сме задоволни, знаеме дека мораме подобро. Резултатите во изминатиот месец беа лоши, но сигурен сум дека она што го правиме, како и водењето на Мурињо во иднина ќе носат резултати“, изјави Пинто.




После 12 кола Рома е на шестата позиција со 19 бодови.
„Немаше да биде можно да го доведеме Мурињо ако не сме поврзани со заедничка стратегија. После четири месеци работа сигурен сум дека тој е вистинскиот избор и дека ќе биде еден од најважните тренери во историјата на Рома“, порача Пинто.