Македонија вчера го победи Исланд и обезбеди место во баражот за Светското првенство кое ќе се игра наредната година во Катар.
После натпреварот капитенот Стефан Ристовски откри дека за среќа носел посебен подарок од Горан Пандев – капитенската лента од последниот натпревар кој го одигра за репрезентацијата, против Холандија на Светското првенство.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Да јас му ја подарив после натпреварот со Холандија за спомен и му кажав да ја носи на Светското првенство во Катар, а тој ја ставил вчера“, низ смеа ни прокоментира прокоментира Пандев.
И ние и Пандев се надеваме ќе ја носи и на Светското првенство.
„Убеден сум дека ќе се пласираме на Светското првенство, само да не посака ждрепката во баражот“.
За натпреварот со Исланд?
„На вакви натпревари најважно е да победиш, играта е во втор план. Нашите момци покажаа дека се зрели за големи натпревари и тоа веќе во континуитет го покажуваат на големи натпревари. Не случајно кажав дека ова е најдобрата репрезентација во историја на мак фудбалот“, ни изјави Пандев.
Фото: ФФМ