Во Ливерпул продолжуваат да бидат загрижени за здравствената ситуација со Садио Мане, пренесуваат медиумите на Островот.




Мане беше заменет во 28-та минута во квалификацискиот натпревар против Того, откако доби еден удар.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Црвените“ се уште очекуваат резултати од деталните прегледи за да знаат каква е неговата состојба во моментов.




Јирген Клоп се надева дека ќе може да смета на Мане после репрезентативната пауза, кога на програмата е дербито со Арсенал. За тој дуел Ливерпул најверојатно нема да може да смета на Хендерсон, кој се повреди на тренинг со англиската репрезентација.