Дома Македонски спорт Можен состав: Ристовски се враќа во тимот, Милевски нема опции многу да менува

Можен состав: Ристовски се враќа во тимот, Милевски нема опции многу да менува

Репрезентацијата на Македонија денес игра натпревар против Исланд за бараж за Мундијал.

Го пречекуваме Исланд во Скопје и одново може да се почувствува фудбалска еуфорија. Селекторот Благоја Милевски како што стојат работите не би требало нешто многу да менува во однос на дуелот со Ерменија во Ереван. Стефан Ристовски ќе се врати во тимот по суспензијата и ќе го стави селекторот на „слатки маки“ затоа што Ашковски беше одличен во Ереван.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, ќе биде големо изненадување ако капитенот Ристовски не стартува, за Ашковски ако Милевски сака да му даде шанса по одличниот меч веројатно ќе бара друга позиција.

Одбраната ќе бида стандардна со Муслиу, Велковски, Алиоски и Ристовски, во средината ќе бидат Барди и Костадинов. Третиот играч е дилема. Можно е да игра Елмас како против Ерменија, заедно со Трајковски, Чурлинов и Ристовски.

Но може Елмас да оди на крило на местото на Трајковски, а на негово место но во средината да стартува Спирковски во една не толку офанзивна варијанта. На што и да се одлучи селекторот едно е јасно – Македонија ќе нападне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…