Дома Актуелно Нешто пред полноќ Милан ја подготвува „бомбата“ за ова лето (Фото)

Нешто пред полноќ Милан ја подготвува „бомбата“ за ова лето (Фото)

Од Апенините пристигнуваат ексклузивни полноќни вести – Диего Коста е на само чекор од Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Добро информираниот, Скај Спорт пренесува вечерва дека агентот Жорж Мендеш го завршува големиот трансфер во Милан.

Преговорите како што се наведува се во завршна фаза, но се уште не се знае дали Коста ќе замине на позајмица, па подоцна во јануари ќе премине во Атлетико, што беше дадена опција во изминативе недели.

Челси пак, сака моментално да се откаже од Коста и директно да го продаде во Милан, но прашањето е дали ќе се најде заеднички јазик кога е во прашање обештетата.

Антонио Конте не сака да ја дочека зимата, туку сега сака да и стави крај на сагата и да го тргне Шпанецот од платениот и играчки список.

Од друга страна, јасно е дека Милан би добил уште едно пеколно засилување, 11. по ред и исто така сака да го добие Коста само за себе, односно да го задржи и по јануари.

Но судејќи ппо се, многу наскоро ќе го добиеме епилогот од оваа трансфер приказна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар предизвика скандал: Судијата имаше менструација…

Бразилецот Нејмар повторно ги сврте очите на бразилските фанови кон себе, и тоа поради пов…