Дома Фудбал Англија Конте има проблеми: Најголемото засилување нема кондиција

Конте има проблеми: Најголемото засилување нема кондиција

Менаџерот на Челси, Антонио Конте смета дека новото засилување во тимот, Алваро Мората мора да работи на кондицијата.

Мората пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Реал Мадрид за 58 милиони фунти, а оваа цифра може да оди и до 70 милиони зависно од играта на Мората во плавиот дрес.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач се придружи на екипата која моментално се наоѓа на турнеја во Азија, а Конте потенцира дека тој мора да ја поправи кондицијата за што побрзо да се прилагоди на тимот.

„Мората тукушто почна да тренира со нас. Мора да ја поправи кондицијата за да се прилагоди на тимот. Тој добро работи, но имаше само пет дена. Се труди и дава се од себе, но сигурно ќе мора да ја подобри физичката подготвеност“, истакна Конте.

Мората за потсетување, со Челси потпиша петгодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Светот воодушевен од головите на Рајс, но не и Снајдер: “Тоа е екстремно лесно…”

Додека целиот фудбалски свет е воодушевен од головите на Деклан Рајс од слободни удари, из…