Во четврток во СЦ “Борис Трајковски” ќе се одигра дуелот од 8-то коло на првата македонска ракометна лига помеѓу Алкалоид и Голден Арт, натпревар на две, до овој момент, непоразени екипи кои претендираат за највисок пласман.
Пред натпреварот, еден од најистакнатите поединци во тимот на Голден Арт, Давид Даев и шефот на стручниот штаб Никола Матлиески со свои видувања за дерби натпреварот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Натпревар кој со сигурност може да кажам дека ќе биде еден од најтешките оваа сезона, дуел на две непоразени екипи во досегашниот тек од првенството. Подолг период се подготвуваме за нашиот следен противник, а сигурен сум дека натпреварот ќе го добие тимот кој ќе има поголема желба за победа. Алкалоид е фаворит на овој натпревар имајќи предвид дека е домаќин, досегашните резултати и во својот ростер имаат голем број репрезентативци во сите возрасни категории. Се надевам на фер и коректна игра и нека победи подобриот”, истакна Даев.
Не очекува исклучително тежок натпревар против квалитетна екипа, сигурно најквалитетен противник во досегашниот тек од првенството. Екипа која важи за фаворит на овој дерби натпревар, имајќи предвид ростерот со кој располага, огромен број македонски репрезентативци за младинските категории но и играчи кои се дел од А селекцијата. Ракометари од типот на Симоноски, Ѓорѓиев, Димовски, Стојков кои се селектирани долги години, а сега и надградени со Серафимов и Тодески, екипа со “долга” клупа. Сепак, има и Голден Арт квалитетни поединци и супер атмосфера како адути, и сигурен сум дека ќе има што да покажеме на натпреварот во четврток. Работиме напорно и се надевам дека подготвени ќе го дочекаме натпреварот, без разлика на неколку повредени играчи кои се под прашалник за настап. Желбата и мотивираноста за надигрување кај моите играчи е видлива и сигурен сум дека оние играчи кои ќе истрчаат на терен ќе го дадат најдоброто. Дали ќе биде доволно за добар резултат ќе видиме по натпреварот”, изјави Никола Матлиески.
Натпреварот ќе се одигра во четврток во 19 часот.