Дома Македонски спорт Мак фудбал Николов: Македонија заслужува историја

Николов: Македонија заслужува историја

Македонскиот шампион, Вардар утре ќе го одигра мечот пред историја против Копенхаген во Данска, во рамки на третото квалификациско коло од ЛШ, од каде по првиот меч носи предност од 1:0.

Бобан Николов во пресрет на утрешниот меч против Копенхаген, најави максимална борба.

„На утрешниот меч треба да излеземе на терен како и минатиот мат, да покажеме како се игра за Вардар. Македонија заслужува историја, можеме само да ветиме дека ќе го дадеме својот максимум. Се зависи од нас, нема потреба да се плашиме ако ја играме нашата игра против противникот“, истакна Николов.

Дуелот помеѓу Вардар и Копенхаген во Данска е закажан за утре во 20:00ч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…