Дома Фудбал Еспирито Санто: Фудбалот е најнемилосрден спорт

Еспирито Санто: Фудбалот е најнемилосрден спорт

Нуно Еспирито Санто призна дека е разочаран од начинот на кој си замина од Тотенхем и фудбалот го опиша како „најнемилосрден спорт“.

Португалецот во јуни потпиша двегодишен договор со Тотенхем и дури беше менаџер на месецот, но пред неколку дена доби отказ.

„Последните неколку недели беа хаотични. Фудбалот е најнемилосрден спорт. На почетокот бев најдобриот менаџер и набргу потоа добив отказ. Таков е животот, гледам напред и го чекам следниот предизвик иако мојот престој во Тотенхем не заврши како што планирав“, истакна Еспирито Санто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…