Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска ги продолжува подготовките за квалификациските натпревари против Украина и Франција за пласман на Европското првенство.
Напаѓачот на Шкупи и член на селекцијата на Македонија до 21 година, Марко Ѓорѓиевски игра во одлична форма, постигна неколку битни голови за националниот тим, и се надева дека голгетерската серија ќе ја продолжи на следните два квалификациски меча.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го одработивме денеска тренингот комплетно сите фудбалери кои сме повикани во националниот тим за претстојните натпревари. Знаеме многу добро против кои селекции играме, ги познаваме нивните квалитети многу добро, очекуваме две тешки средби, ќе биде потребна голема пожртвуваност од наша страна, доколку сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Прво треба максимално да се посветиме на првиот натпревар против Украина. Потребен ни е ист пристап и смиреност, како на претходниот дуел со Ерменија. Знаеме кои се нашите задачи, доколку се придржуваме до тоа што го бара од нас селекторот, мислам дека нема да имаме проблем. Се наоѓам во одлична форма, постигнав гол и на мечот со Ерменија и со Фарски Острови, ќе дадам се од себе за ја продолжам голгетерската серија и да ја израдувам Македонија.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, првиот меч го играат со Украина, на 11. Ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски”. На 16. ноември, на Националната арена „Тодор Проески” гостува моќната селекција на Франција.
Фото: ФФМ