Дома Македонски спорт Елмас: Да покажеме искуство иако сме млада репрезентација, може и Романија да згреши!

Елмас: Да покажеме искуство иако сме млада репрезентација, може и Романија да згреши!

Македонската фудбалска репрезентација ја чекаат двата последни натпревари во квалификациите за Светското првенство против Ерменија и Исланд.

Еден од нашите најважни фудбалери Елиф Елмас пред овие натпревари порача дека мораме до крај да се бориме и да се надеваме дека ќе ја искористиме таа мала шанса.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Недостасуваат доста играчи, но тоа не е изговор одиме како и секогаш до сега во Ерменија по победа. Не зависи се од нас, но имаме една мала шанса и таа шанса ќе ја бркаме до крај. Треба да очекуваме борба, да бидеме паметни и искусни, иако сме млада репрезентација. Мора да покажеме жар на теренот дека сакаме да победиме, никогаш ништо не се знае, може и Романија да згреши, па ние со две победи да бидеме тие што ќе одиме во баражот. Одиме да покажеме дека повеќе го сакаме тоа второ место од Ерменија и Романија“, изјави Елмас.

Натпреварот со Ерменија го играме во Ереван на 11. ноември, а три дена подоцна во последното коло го пречекуваме Исланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Младинците победија, кадетите поразени од Словенија

Македонските ракометни надежи во Зрче одиграа две пријателски средби со Словенија и со нив…