Дома Фудбал Ашковски: Во последните натпревари немавме среќа, сега нека ни се врати тоа што го изгубивме

Ашковски: Во последните натпревари немавме среќа, сега нека ни се врати тоа што го изгубивме

Македонија ја чекаат последните два натпревари во квалификациите за Светското првенство против Ерменија на гости и Исланд дома.

Репрезентативецот Стефан Ашковски верува дека со офанзивен фудбал можеме до добар резултат.

„Сигурно дека овие два натпревари ќе бидат многу важни за нас. Се надевам дека со добра игра ќе дојдеме до две победи. Не зависи се од нас за пласманот во баражот, но наше е да дадеме се од себе. Ако бидеме сплотени да играме како едно со офанзивен фудбал мислам дека ќе биде добро. Во последните два натпреари можеби малку среќата не напушти, па сега нека се врати тоа што го изгубивме“.

„Ќе бидеме хендикепирани со отсуството на неколку играчи, но Македонија има достојни замени“, изјави Ашковски.

Со Ерменија ќе се соочиме на 11. ноември во Ереван, додека три дена подоцна ќе го пречекаме Исланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сеслар со два гола го сруши Штурм: Целје славеше со 3-2 во Грац

Целје победи на „Меркур Арена“ со два погодока на Свит Сеслар и еден на Бенјамин Вербич, и…