Дома Македонски спорт Мак фудбал Шефити: Имаме квалитет да ја победиме Шкендија

Шефити: Имаме квалитет да ја победиме Шкендија

За викендот во Тетово се игра градското дерби помеѓу Ренова и Шкендија.

Екипата на Ренова е пријатно изненадување и во овој натпревар влегува како второпласирана и е во подобра форма од Шкендија. Сепак, Шкендија е тим кој не смее да се отпише.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Офанзивецот на Ренова Шефит Шеифити побара од неговите соиграчи да останат фокусирани и да покажат квалитетот.

„Да останеме фокусирани на натпреварот и да го дадеме максимумот, верувам дека така ќе успееме. Шкендија е квалитетен тим, но мислам дека можеме да го добиеме овој натпревар“, изјави Шефити.

Ренова и Шкендија се сретнаа пред две недели во купот, а во тој меч Шкендија забележа убедлива победа и ја елиминираше Ренова со пет гола. Тоа сигурно ќе биде дополнителен мотив за „гипсарите“.

Фото: Ренова

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…