Дома Фудбал Англија Солскјер пред дуелот со Сити: Мораме да веруваме

Солскјер пред дуелот со Сити: Мораме да веруваме

Утре на програмата е големото градско дерби, па Манчестер Јунајтед ќе го пречека Сити на „Олд Трафорд“.

Солскјер е под голем притисок поради лошите резултати, но сепак верува дека може да дојде до победа во градското дерби.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Го оставивме тој меч со Ливерпул позади себе. Ќе остане во историските книги, но после тоа имавме добра недела и два добри меча на гости. Мораме да веруваме дека можеме до добар резултат. Ова е градско дерби и сигурно ќе имаме голема поддршка од публиката“, изјави Солскјер.

„Роналдо е еден од најдобрите кои некогаш играле фудбал и неговиот допринос на теренот е огромен. Како се однесува, постигнува голови, работи за тимот, навистина е неверојатен. Не разбирам како некој може да каже нешто негативно за него“, додаде Оле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…