Дома Фудбал Лига на шампиони Гасперини: Манчестер Јунајтед е тим кој во секој момент може да го сврти резултатот

Гасперини: Манчестер Јунајтед е тим кој во секој момент може да го сврти резултатот

Вечерва во Бергамо во 4. коло од Лигата на шампионите ќе се сретнат Аталанта и Манчестер Јунајтед.

Пред две недели „црвените ѓаволи“ славеа на „Олд Трафорд“ со резултат 3:2, па домаќините сигурно сакаат да се реваншираат. Свесни се во италијанскиот клуб дека ќе се соочат со одлична екипа. Тренерот на Аталанта Гасперини со респект зборуваше за „црвените ѓаволи“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Гасперини истакна дека Јунајтед има широк играчки кадар и дека има моќ да ја промени ситуацијата на теренот во секој момент.

„Се работи за феноменална екипа, без оглед што имаат падови. Тие се тим со широк играчки кадар, а екипата може да игра на повеќе начини. Нивната најголема вредност е што во секој момент можат да го свртат натпреварот во своја корист“, истакна тренерот на Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…