Денес во Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките за четвртфиналето во Купот на Македонија.
Екипата на Струга Трим Лум немаше баш најдобар ждреб и ќе мора да игра со Шкендија на гостински терен, сепак стружани ја гледаат својата шанса, посебно затоа што Шкендија не е на нивото од претходните години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе се соочиме со еден од најдобрите тимови во лигата на нивни терен и пред нивните навивачи, но секако дека и ние ја гледаме својата шанса. Се игра само еден натпревар, 90 минути. Тоа што ќе се соочиме со тим како Шкендија ни дава дополнителна мотивација“, изјави фудбалерот на Струга Бесмир Бојку.
Натпреварот како и останатите двојки се игра на 24. ноември.
Фото: ФК Струга