Дома Фудбал Италија Конте е блиску до враќање во Премиер лигата, но не во Манчестер Јунајтед

Конте е блиску до враќање во Премиер лигата, но не во Манчестер Јунајтед

Aнтонио Конте би можел да се врати во Премиер лигата, пишува „Тутомеркато“.

Италијанскиот стратег со недели се поврзува со Манчестер Јунајтед, но италијанскиот медиум тврди дека во следните неколку денови Конте би можел да станте тренер на Тотенхем. Спарсите под водство на Нуно Еспирито Санто се во лоша форма и може да се случи промена.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Покрај „Тутомеркато“ за Конте пишува и познатиот новинар на „Газета дело Спорт“, Алфредо Педула кој тврди дека Тотенхем ќе направи се за да го доведе италијанскиот стратег.

„Тотенхем е во слободен пад, а ситуацијата за „Нуно Еспирито Санто дополнително ја влоши поразот од Манчестер Јунајтед. Директорот на клубот Фабио Партичи е во одлични односи со Конте, а него го сака и претседателот Даниел Леви. Партичи ќе се обиде да го убеди да дојде во Лондон, иако Конте нема да брза“, пишува Педула.

Конте од 2016 до 2018 година беше тренер на Челзи со кој во 2017 година ја освои титулата шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…