Манаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола мисли дека нема да ја достигне бројката од 400 натпревари на клупата на овој тим.
Натпреварот против Кристал Палас кој е предводен од Патрик Виера ќе биде негов 200 лигашки меч како тренер на Сити во кариерата. До таа бројка Гвардиола стигна за пет години од неговото пристигнување.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Новинарите го запрашаа дали верува дека ќе остане барем уште пет години на клупата на „граѓаните“.
„Не верувам“, кратко одговори Гвардиола и сигурно дека овој негов одговор ќе биде причина да се отворат шпекулации на Островот.