Утре од 14:00 часот во рамките од 12. коло во ПМФЛ во натпреварот кој ќе се одигра еден ден порано од останатите ќе се сретнат Шкупи и Брегалница.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред овој натпревар за клупскиот сајт на Шкупи натпреварот го најави Абдул Рувтубаје, интернационалецот од Руанда.
„Нема што многу да коментирам. Имаме серија од 10 натпревар без пораз и ќе продолжиме и понатаму да го браниме името на нашиот клуб. Јасно е дека се бориме за титулата и во секој натпревар одиме на три бода, иако ги почитуваме нашите противници. Не е тајна дека на секој меч гледаме како да е финале“, изјави Рувтубаје.
Фото: ФК Шкупи