Лукас Хернандез во последните недели се најде во центарот на вниманието затоа што му се закануваше затворска казна.
Лукас и неговата сопруга имаа жестока расправија на улица во февруари 2017 година, а судот поради тоа го осуди на 31 ден друштвно корисна работа и забрана за доближување на шест месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа парот не ни помислувал да биде раздвоен. Неодамна се венчаа и беа на меден месец во Мајами. По враќањето од медениот месец Лукас беше приведен на аеродромот во Мадрид и кратко беше во притвор, додека Амелија не е уапсена.
Судот во Шпанија донесе одлука дека Хернандез ќе мора да оди во затвор, меѓутоа прифатена беше жалбата на фудбалерот. Нова одлука е: Хернандез во наредните четири години нема да смее да направи ново кривично дело и ќе мора да плати казна од 400 евра.
🚨🚨🚨 ÚLTIMA HORA | Lucas Hernández se libra de la cárcel https://t.co/094Pi9JYCP
— MARCA (@marca) October 27, 2021