Дома Фудбал Почина славниот тренер кој со Ренџерс освои 21 трофеј

Почина славниот тренер кој со Ренџерс освои 21 трофеј

Шкотскиот стратег Волтер Смит почина на 73-годишна возраст.

Во својата кариера Смит во два мандати го водеше Глазгов Ренџерс и успеа да освои 21 трофеј со што се стекна со голема популарност. Кариерата ја започна во младинските селекции на Шкотска, го водеше и Евертон, а во еден период ја водеше и „А“ репрезентацијата на Шкотска.

Само Бил Струт е поуспешен од него во клупската историја на Ренџерс. Кариерата ја заврши во 2011 во Ренџерс. Кога е неговата кариера како играч во прашање најдолго се задржи во Данди Јунајтед и го носеше уште дресот на Далас Торнадо и Думбартон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…