Oткако Ерлинг Халанд неодамна се повреди против Мајнц изгледаше дека ќе паузира само неколку недели, но сега пристигнуваат нови вести кои не се воопшто добри за Борусија.
Имено, според новите најави Халанд би можел да биде надвор од терените и до крајот на годината. Оваа вест денес ја објави германски „Билд“. Ако ваквите најави се покажат како точни тогаш тоа би било голема штета за Халанд кој сезоната ја започна со дури девет голо во шест натпревари во Бундеслигата и плус три гола во Купот на Германија и еден во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај Борусија проблем ќе има и Норвешка затоа што Халанд би го пропуштил натпреварите во квалификациите за Светското првенство во ноември. Во Борусија веќе е вклучен алармот и се надеваат на што е можно побрзо враќање на терените на Норвежанецот.