Гермнаските медиуми пренесуваат дека легендата на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ наскоро ќе добие функција во баварскиот гигант.
Салихамиџиќ би требало да биде нов спортски директор на Баерн Минхен, кој за денес закажа пресконференција на која се очекува да биде промовиран токму новиот спортски директор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Угледниот „Билд“ пренесува дека Салихамиџиќ ќе биде промовиран во спортски директор денес на пресконференција на која ќе присуствува и претседателот Ули Хенес.
Салихамиџиќ за Баерн Минхен настапуваше од 1998 до 2007 година и со Баварците освои 6 шампионски титули во Бундеслигата, како и Лигата на шампиони во 2001 година.