Дома Фудбал Англија Салах: Сакам да останам до крајот на кариерата во Ливерпул, но не одлучувам само јас

Салах: Сакам да останам до крајот на кариерата во Ливерпул, но не одлучувам само јас

Мохамед Салах повторно игра во одлична форма и за многумина е најдобриот играч во Премиер лигата од стартот на сезоната.

Со Ливерпул Салах има уште договор на две години и многу се пишува за негово продолжување, но засега нема конкретни преговори, барем во јавноста никој не зборувал за тоа. Иако медиумите на Островот најавија дека Ливерпул му спрема богат договор (тука).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Салах потенцира дека ако само тој се прашува би останал до крајот на кариерата во Ливерпул.

„Кога би се прашувал само јас сакам да останм во Ливерпул до крајот на кариерата. Сеапк, за тоа не можам мнбогу да зборувам, не одлучувам само јас. Во овој момент не можам да се замислам да играм против Ливерпул. Но, во фудбалот не можете да предвидувате работи однапред, ќе видиме што носи иднината“, изјави Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Што ќе се случи со Исак? Ливерпул подготвува понуда, но Њукасл не попушта

Шведскиот напаѓач Александар Исак би можел да стане најголемата приказна во последните ден…