Дома Македонски спорт Добри вести од Шпанија: Барди спремен да настапи против Севиља

Добри вести од Шпанија: Барди спремен да настапи против Севиља

Tимот на Леванте ги прави последните подготовки пред натпреварот против Севиља на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“.

Добри вести се што најавите се остваруваат и македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе биде спремен да истрча на теренот. Барди денес одработи уште еден комплетен тренинг и ќе биде на располагање за натпреварот.

Барди се повреди во септемврскиот циклус против Романија и од тогаш не играше ниту за Македонија, ниту за Леванте. За репрезентацијата ги пропушти дуелите со Луксембург и Германија.

Ова секако се добри вести и за селекторот Благоја Милевски затоа што во ноември Македонија ја чекаат последните два натпревари од квалификациите за СП во кои ќе играме со Ерменија на гости и Исланд дома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ова е некој нов Хулијан Алварез – донесе интересна одлука!

Поразот од Билбао многу ги заболе во Мадрид. Атлетико се наоѓа во проблеми, а во центарот …